Skip to main content

Добредојдовте на Cvikeri.com - првиот и најдобар онлајн оптичар во регионот!

Blue Cut UV

Природната сончева светлина е извор на спектар на зрачење којшто е во невидливата УВ зона и во областа на видливата сино-виолетова светлина којашто е штетна за окото. Овие штетни зрачења не се наоѓаат само во природна светлина, туку ние сме изложени на нив и во услови на вештачко, дигитално, неонско и LED осветлување.

Човечкото око е изложено на овие зрачења во текот на целиот ден, што може да доведе до замор на очите, намалена концентрација, главоболки, заматен вид, црвени и суви очи, па дури и до сериозни и трајни дегенеративни промени во рожницата.

Blue Cut UV е заштитен слој којшто е специјално развиен за луѓе коишто го поминуваат поголемиот дел од времето во затворени простории и се изложени на штетната сина светлина преку LED или LCD телевизори, монитори, лаптопи, таблети, паметни телефони и ГПС уреди. Bue Cut UV блокира дел од штетната сина светлина во опсег на бранови должини од 400 до 500 nm.

Со повеќеслоен антирефлексивен и UV 400 филтер, заштитниот слој Blue Cut обезбедува целосна заштита и удобност како во затворени простории со вештачко осветлување така и на отворено.

Blue Cut UV заштитниот слој:

- Ја одбива штетната сина светлина

- Обезбедува 100% UV 400 заштита

- Ја намалува несаканата рефлексија

- Ги одбива честичките прашина

- Отпорен е на капки вода

- Бргу се одмаглува

- Отпорен е на гребење

- Лесно се чисти и одржува

blue cut uv

Нови очила - во само четири чекори!
Icon  Glasses
1

ИЗБЕРЕТЕ РАМКА

Ние ви нудиме голем избор на диоптриски рамки. Во понудата имаме метални, пластични, поликарбонатни, титаниумски, силиконски рамки...

Icon  Document 0
2

ДИОПТРИСКИ НАОД

Испратете ни слика од вашиот диоптриски наод, или внесете ги вредностите од наодот при нарачувањето, а можете и да ни се јавите за совет!

Icon  Picker 0
3

ИЗБЕРЕТЕ СТАКЛА

Вградуваме монофокални, прогресивни и бифокални стакла - анти-рефлексни, фотосензитивни, Trivex ... Соработуваме со сите производители и нудиме најповолни цени.

Icon  Delivery
4

ИСПОРАКА НА ОЧИЛАТА

Очекувајте го курирот во следните неколку дена, и уживајте во носењето на новите очила!